Суспензија од 18 месеци за позитивниот руски одбојкар Павел Мороз

Рускиот одбојкар Павел Мороз е суспендиран на 18 месеци, откако неговите наоди се позитивни и падна на допинг тест на 12 ноември минатата година. Од тој момент Мороз не настапува, па мина скоро половина од казната која денес беше официјализирана.

Руската антидопинг федерација не откри на која супстанца е позитивен одбојкарот, само обелодени дека Мороз е позитивен на двата теста. 

32-годишниот Павел Мороз беше победник на Лигата на нации минатата година, а не настапи во ростерот кој триумфираше годинава, а нема да игра и на Европското првенство во септември.

Русија се наоѓа во група во Љубљана заедно со македонската репрезентација.