Струмичкото дерби во фокусот на женскиот одбојкарски викенд

Во оваа првенствена сесија во женскиот одбојкарски шампионат најинтересни се натпреварите во водечкиот квартет. Локалното дерби меѓу Наковскиволеј и Струмица жени е пресметка на втората и на четвртата екипа, како една од можните варијанти дури и за полуфинале во разигрувањето без оглед што се уште е рано да се размислува во таа насока.

Струмица жени е на 4-2, додека, пак, Наковски има ефект 5-1 откако загуби од Работнички Скопје, кој е единствен со максималнишест победи. Неговата серија ќе се обидат да ја запрат првенките од Јанта волеј Кисела вода во понеделничката средба.

Во тоа соочување на скопските ривалки, Јанта волеј Кисела вода ќе сервира со биланс 5-1, но и со бод помалку од Наковски волеј, па затоа е третопласиран пред утрешните дуели, во коишто во Пелистер волеј ќе го пречека Универзитет воТетово со надеж за трета победа, а Вардар жени против Фит фан волеј ќе игра за прварадост во натпреварувачката 2021/22.

Прва лига (жени)
(Седмо коло):

Наковски волеј – Струмица жени                  (сабота, 18:00)          
Пелистер волеј – Универзитет во Тетово     (сабота, 13:00)  
Фит фан волеј – Вардар жени                       (сабота, 14:30)
Јанта волеј КВ – Работнички Скопје     (понеделник, 20:00)