Струмичко и скопско дерби во четвртфиналето на плеј-офот кај одбојкарките

Четири скопски, два струмички и по еден штипски и битолски клуб ќе играат во плеј-офот на женскиот одбојкарски шампионат на Македонија. По одигрувањето на последното коло од регуларниот дел, познати се четвртфиналните парови, а таму ќе се игра и струмичко и скопско дерби.

Прва лига (ж)
18. коло:

Јанта волеј КВ – Работнички Скопје      1-3 (25-27, 25-23, 18-25, 21-25)     
Ускана – Газели волеј        0-3 (17-25, 18-25, 16-25) 
Наковски волеј – Фит фан волеј  3-0 (25-16, 25-17, 25-16)    
Младост УГД – Струмица жени   3-0 (25-18, 25-16, 25-9) 
Пелистер волеј – Вардар ЕМ       3-0 (25-17, 27-25, 25-22)

Плеј-оф
Четвртфинале:

Наковски волеј – Струмица жени
Младост УГД – Вардар ЕМ
Работнички – Пелистер волеј
Јанта Волеј КВ – Газели волеј