Струмичко дерби на стартот на новиот женски шампионат на Македонија

Дванаесет екипи во женска конкуренција ќе играат во Првата сениорска лига во сезоната 2019/20. Натпреварувањето ќе го збогати тимот на Струмица Жени. Екипата на Работнички Жени којашто минатата сезона беше вицепрвак, сезонава ќе настапува со името Вардар Жени.

Во првото коло внимание привлекуваат натпреварите во Битола и Струмица.

Прво коло (19-21 октомври):
Македонија Макс – Ускана
Работнички Скопје – Универзитет Тетово Жени
Вардар Жени – УГД Студент Жени
Пелистер Волеј – Бамикор
Јанта волеј – Наковски волеј
Струмица Жени – Виктори волеј

Двојната круна ја брани екипата на Работнички Скопје.