Струмички дуел во одбојкарскиот викенд, ГОК Борец им гостува на вардарци

Се заострува трката за пласман во Втората фаза-1 на одбојкарскиот шампионат на Македонија, па од тој аспект значајни се речиси сите натпревари од осмото коло во Првата машка одбојкарска лига.

Актуелниот првак Струмица 47&72 е апсолутен фаворит во градското дерби со Македонија Џио за да го задржи максималниот ефект и да се израдува на седмата сезонска победа, а за шестата ГОК Борец ќе истрча на теренот на Вардар, кој по серијата порази забележа две победи и се уште сенадева дека може да биде во првите шест по есенскиот дел.

Универзитет во Тетово и Весна Пробиштип ќе се надмудруваат за четвртиот триумф, Штип УГД против Дибраволеј го планира петтиот, а со иста цел Шкендија ќе сервира против Јанта волеј. Лирија одмора, а тоа значи дека барем засега ќе остане на четири победи, но сепак има голема шанса да игра во елитниот сегмент во натпреварувачката 2021/22.

Прва лига
Осмо коло:

Струмица 47&72 – Македонија Џио               (сабота, 13:00)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип  (сабота, 18:00)                   
Штип УГД – Дибра волеј                                  (сабота, 14:00)
Шкендија – Јанта волеј                                    (сабота, 18:00)
Вардар – ГОК Борец                                        (понеделник, 18:00)
Слободна: Лирија