Струмичани зададоа удар среде Скопје: Лесно победен Вардар во првото дерби

Екипата на Џио Струмица го зададе првиот удар и забележа победа во битката за шампионската титула во одбојкарскиот шампионат на Македонија. Во ладниот амбиент на СРЦ „Кале“, струмичани убедливо славеа опротив „црвено-црните“, кои очигледно беа уморни по патот и европскиот двомеч во Словенија.

Во четири сета и по скоро два часа борба, Џио Струмица извојува победа од 1-3 (22-25, 18-25, 25-18, 20-25).

Седмо коло:
Вардар – Џио Струмица 1-3 (22-25, 18-25, 25-18, 20-25)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип (сабота, 19:00)
ГОК Борец – Јанта волеј (сабота, 19:00)
Дибра волеј – Лирија (сабота, 17:00)
Штип УГД Штип – Шкендија (понеделник, 18:00)

Струмичани остануваат на врвот со седум победи од исто толку натпревари, а нивниот ритам го следи само уште Универзитет во Тетово, екипа која има шест победи од шест натпревари.