• Зоран Мишевски
Градот Штип и салата „Јордан Мијалков“ ќе бидат спортско боиште на шест натпревари за разврската во 31. издание на одбојкарскиот Куп на Македонија. Како лани во Радовиш и во Кавадарци пред две години, повторно ќе има завршен турнир со учество на вкупно осум екипи, по четири во двете конкуренции.
За денес се закажани поуфиналните средби кај мажите, а нема дилеми дека Струмица 47&72 е фаворит за нов успех, со амбиција домаќинот Штип УГД да се обиде да го искористи домашниот терен и да направи изненадување. Не треба да се заборави ниту на Работнички 71&22 којшто е најблиску до струмичани на првенствената табела, така што дерби карактер во оваа фаза има првата пресметка на турнирот. Во неа штипјани и скопјани ќе се обидат да обезбедат прво финале во клупската историја. Бранителот на трофејот, Струмица 47&71 треба да ја има целосната контрола против Лирија во второто полуфинале.
Тимот од Жеровјане досега има едно финале, во 2013 гоина во Тетово, кога загуби од Вардар, а струмичани заработија шест Куп-пехари едноподруго, седум во последните осум сезони, осум во претходните десет години, или, вкупно девет во периодот од 2012 година досега, кога само двапати не беа освојувачи на двојната круна, не броејќи ја незавршената ковид сезона(20/21).
За утре се предвидени женските полуфиналиња, а финалните мечеви се в недела.