• Зоран Мишевски
Првакот пак победи без загубен сет и продолжи да руши рекорди во македонската клупска одбојка. Струмица 47&72 беше пресилен за Универзитет во Тетово и ниту еден од трите сета не беше неизвесен.
Работнички 71&22 ја искористи предноста на домашниот терен и со лесни 3-0 го победи тимот на Весна Пробиштип.
Прва лига (мажи)
Втора фаза-1 (седмо коло):
Работнички 71&22 – Весна Пробиштип 3-0 (25-11, 25-11, 25-8)
Лирија – Универзитет во Тетово 0-3 (23-25, 22-25, 15-25)
Штип УГД – Струмица 47&72 (среда, 20:00)
Прва лига (мажи)
Втора фаза-1, (петто коло):
Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово 3-0 (25-13, 25-11, 25-18)
Струмица е лидер со максимални седумнаесет победи, а многу поинтерсно е зад лидерот. Работнички, Штип УГД и Универзитет во Тетово се најблиските пратители на шампионот и остануваат во трка за второто место.