Струмичани гостуваат кај единствениот тим кој ги победил сезонава

Пред нас се неколку интригантни натпревари во македонските одбојкарски сениорски нивоа. Лирија и Работнички 47&22 ќе играат за четвртото место, а со тоа и за пласман во полуфиналето од разигрувањето во Првата лига (мажи), во којашто в понеделник ќе сервираат и двете најдобри екипи досега. Дерби ќе има и кај дамите, но за втората позиција. На спротивни страни на мрежата ќе бидат Наковски волеј и Јанта волеј.  

Прва лига (мажи)
Втора фаза-1, (Седмо коло)

Лирија - Работнички 47&22    (сабота, 19:30)
ГОК Борец - Весна Пробиштип   (сабота, 19:00)
Шкендија – Струмица Никоб     (понеделник, 19:30) 

Прва лига (мажи)
Втора фаза-2, (Седмо коло)

Петровец - Македонија Џио      (сабота, 13:00)
Универзитет во Тетово – Штип УГД (сабота, 19:30)
Слободно: Сушево

Прва лига (жени)
Втора фаза-1, (Четврто коло)

Фит фан волеј – Работнички Скопје         (сабота, 17:00)
Наковски волеј – Јанта волеј             (сабота, 18:00) 

Прва лига (жени)
Втора фаза-2, (Четврто коло)

Вардар жени – Македонија Макс (сабота, 14:30)
Струмица жени – Вардар ЕМ (сабота, 17:00)