Струмица Жени слави во градското дерби, Пелистер волеј го надигра Бами Кор

Викендов стартуваше македонскиот одбојкарски шампионат во женска конкуренција. Ждрепката посака уште во првото коло да се сретнат два струмички тима и тоа новајлијата Струмица Жени и Виктори волеј. Во сабoтата во салата „Парк“ Струмица Жени славеше со 3-2 (19-25, 25-17, 25-9, 18-25, 15-12) во сетови, во натпревар во кој двете екипи постојано се надмудруваа во желбата за победа која беше поголема кај дебитантот.

Во салата на ОУ „Видое Подгорец“, Македонија Макс ја совлада Ускана во четири сета (25-19, 25-16, 21-25, 25-10) за почетните три бода во првенството.

Одбојкарките на Пелистер волеј со победа ја започнаа новата одбојкарска сезона, каде влегуват со подмладена екипа. Пелистерки во првото коло ги прокнижија и првите бодови, откако со максимални 3-0  (25-11; 25-17; 25-18) во сетови славеа против екипата на Бами Кор од Тетово.

Наковски Волеј денес гостува кај Јанта волеј во последниот натпревар од првото коло.