Струмица жени немоќна во Скопје, домашни бодови и за Јанта волеј

Очекуван расплет на четирите средби од осмото коло во Првата лига кај одбојкарките. Работнички Скопје ја совлада Струмица жени во четири сета во пресметката на ланските полуфиналистки, а сотоа остана на чело на табелата со максимални осум победи. Наковски волеј има седум откако славеше над Универзитет во Тетово, а шампионките од Јанта волеј Кисела вода се трети со ефект 6-2 по триумфот кај Фит фан волеј.

Во Битола Пелистер волеј се радуваше против вицепрвакот Вардар жени и сега е на една победа до четврто пласираниот состав на Струмица жени. На прв поглед битката за местово водечкиот квартет и за настап во Втората фаза-1 е отворена, иако струмичанки ја носат фаворитската улога.

Прва лига (ж)
Осмо коло:

Работнички Скопје – Струмица жени                     3-1 (26-28, 25-21, 25-10, 25-18)
Наковски волеј – Универзитет во Тетово               3-1 (25-21, 23-25, 25-14, 25-22)  
Фит фан волеј – Јанта волеј Кисела вода             0-3 (21-25, 18-25, 13-25)
Пелистер волеј – Вардар жени                               3-0 (25-21, 25-14, 25-19)