Струмица Жени, Наковски волеј и Работнички Жени максимални по три кола

Одбојкарките на Наковски волеј се лидери во женскиот шампионат на Македонија во одбојка. Со три натпревари и три победи струмичанки веќе ја најавуваат борбата за првата титула првак на Македонија. По победите во Скопје кај Јанта Волеј и над новајлијата Струмица Жени, избраничките на Хари Наковски и Александар Митев го надиграа и тимот на Виктори Волеј.

Одбојкарите на Наковски волеј славеа со 3-0 (25-20, 25-15, 25-20) и со сет-количник од 9-0 се лидери во шампионатот.

Струмица Жени го совлада тетовски Бамикор со убедливи 3-0 (25-14, 25-22, 25-20), со што дојде до втората победа по онаа над Виктори волеј во пет сета од пред две недели. Три победи има и тимотна Работнички Жени, кој ја совлада Ускана во три сета. 

Пелистер Волеј во голема драма загуби од Универзитет Тетово во пет сета со 2-3 (26-24, 14-25, 19-25, 25-17, 14-16), Јанта Волеј едвај го „скрши“ УГД Студент со 3-2 (25-16, 25-22, 22-25, 22-25, 15-5), а Вардар Жени 2019 лесно се справи со Македонија Макс, победувајќи го со 
3-0 (25-17, 25-18, 25-17).