Струмица жени и Работнички Скопје играат директен дуел за третото место

Ако се суди според досегашните резултати, единствената промена на табелата што може да ја донесе шестото коло во Втората фаза-1 од најквалитетната женска македонска одбојкарска лига, се однесува на третото место со оглед дека Вардар жени 2019 и Јанта волеј Кисела вода направија солида предност на водечките две позиции. Струмица жени ќе го пречека Работнички Скопје со намера да ја забележи осмата првенствена победа, а со тоа да се изедначи со ривалот според тој статистички податок. Доколку го направат тоа со три освоени бода, значи без, или, пак, со само еден загубен сет, тогаш струмичанки ќе исчекорат на третото место, а освојувачот на двојната круна од 2019 ќе биде четврти.

Во трката за врвот се Вардар жени 2019 е фаворит за трет сезонски триумф против Универзитет во Тетово, а во случај епилогот да биде според очекувањата, црвено-црните ќе останат на водечката позиција. Јанта волеј Кисела вода има идентичен ефект, но со два бода помалку, па дури и со максимален успех на теренот на Наковски волеј, втор во меѓусебните соочувања, не би можел да го загрози составот на Вардар жени. Знаејќи дека Наковски волеј заостанува две победи зад градскиот ривал Струмица жени, пораз од екипата од Киселе вода ќе значи дека шансите за влез во полуфиналето од разигрувањето ќе бидат намалени уште повеќе.

Во Втората фаза-2, Фит фан волеј секако ќе го задржи најдоброто постигнување без оглед дали ќе слави во првата меѓусебна пресметка со Ускана. Дебитантот во лигата е во серија од пет победи, па е во подобра форма од кичевки, кои ги загубија претходните два меча, а со тоа и чекорот со третопласираниот Пелистер волеј. Во средбата со УГД Студент на свој терен, битолските одбојкарки се фаворитки за шеста сезонска победа, а пред домашниот натпревар со Виктори волеј, Јанта волеј Форца има биланс 7-4 и се наоѓа на втората позиција. Скопскиот состав е во добар ритам затоа што во овој сегмент загуби само од Фит фан волеј, а самодовербата не би требало да е прашање и за Македонија Макс. На гостувањето во Тетово, струмичката екипа ќе игра за четвртиот триумф едноподруго.

Прва лига (жени), Втора фаза -1, (Шесто коло)
Универзитет во Тетово – Вардар жени 2019 (сабота, 18:00)
Наковски волеј – Јанта волеј Кисела вода (сабота, 18:00)
Струмица жени – Работнички Скопје (сабота, 18:00)

Прва лига (жени), Втора фаза -2, (Шесто коло)
Фит фан волеј – Ускана (сабота, 12:00)
Јанта волеј Форца – Виктори волеј (сабота, 12:30)
Пелистер волеј – УГД Студент (сабота, 15:00)
Бами Кор – Македонија Макс (сабота, 14:00)