Струмица со шампионски амбиции и кај дамите, донесе две Србинки

Екипата на ОК Струмица оваа сезона има шампионски амбиции. Тимот од југот на Македонија подготвува ростер кој ќе поседува квалитет за највисок дострел, а за таа намена донесе две одбојкарки од Србија.

Нови имиња во дресот на струмичанки се српските интернационалки Александра Шчекиќ и Ана Поповиќ. И двете во Струмица се селат од екипата на ОК Албатрос од Херцег Нови и се очекува да бидат големи засилувања.

Ана Поповиќ ќе биде засилување на техничарската позиција, додека Александра Шчекиќ доаѓа како засилување на блокерската позиција.