• Зоран Мишевски
Македонскиот одбојкарски шампион Струмица во пресрет на првиот натпревар со Олимпијакос, закажан во вторник во 19:00 часот, одигра контролни средби со Дубочица од Србија и грчкиот прволигаш Пегасус, се со цел да ја темпира формата со оглед на репрезентативните засилувања.
Струмичани над Дубочица славеа со 3-1, а грчкиот Пегасус Полихнис го совладаа со 3-2 во сетови.
Струмичани во вторник го играат првиот меч од Лигата на шампионите на ЦЕВ оваа сезона со Олимпијакос, а реваншот е закажан една недела покасно во Атина. Струмичани за европските настапи осетно се засилија.
Македонскиот првак во сопствените редводи ги донесе репрезентативците Маџунков, Илиев, Липитковски, Ангеловскии Украинецот Волков.