Струмица со бугарскиот првак тргнува кон историско место во ЛШ

Македонскиот одбојкарски првак Струмица ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите и познати се датумите кога тимот ќе ги игра европските натпревари.

Нашиот претставник се најде во група со Нефтохимик Бургас од Бугарија кој ќе биде домаќин на настанот, Фино Капошвар од Унгарија и Будва од Црна Гора. ЦЕВ ги одреди датумите на натпреварите, а турнирот ќе се игра од 27 до 29 октомври.

На стартот на групната фаза, на 27 октомври, Струмица ќе се судри со бугарски Нефтохимик. Ден подоцна ќе следи дуел меѓу македонскиот првак и црногорска Будва, додека групната фаза од квалификациите се затвора на 29 октомври со меч со Капошвар од Унгарија.

Форматот на квалификациите за ЛШ е нов, се игра турнирски. Првите два тима од секоја група одат во вториот круг каде пак ќе се игра турнир и осумте клуба ќе се поделат во две групи со по четири тима. Домаќини на турнирите ќе бидат два тима од групите со највисок ранг на ранг-листата на ЦЕВ.

Победниците од двата турнири во вториот круг, како и најдобро второпласираниот тим ќе патуваат во групите на Лигата на шампионите.