• Зоран Мишевски
Македонскиот одбојкарски шампион, Струмица, настапите во Лигата на шампионите против грчкиот Олимпијакос ќе ги почне со уште две засилувања.
Покрај Филип Маџунков, во старото јато се врати и Стојан Илиев, кои ќе настапуваат и во домашното првенство, а боите на Струмица во Лигата на шампиони и евентуално во Купот на ЦЕВ ќе ги брани и Украинецот Роман Волков, кој игра на примачката позиција.
Екипата на Кирил Ричлиев ги започна подготовките за новата сезона минатиот месец, но заради ангажманот на повеќе играчи во сениорската и младинската репрезентација работеле со перспективни одбојкари, кои во иднината ќе ги бранат боите на тимот.
Реваншот со грчкиот шампион се игра на 24 септември, а доколку Струмица не успеа да го помине првото коло, тогаш ќе настапува во Купот на ЦЕВ, каде ќе го очекува победникот од средбата меѓу Инсбрук и Капошвар на 1 октомври.