• Горан Упале
Одбојкарките на Струмица режираа неверојатен пресврт во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија. Во крајно возбудлив натпревар, кој траеше повеќе од два часа, одбојкарките од Струмица успеаја да анулираат негатива од два сета и на крај да извојуваат голема победа, вредна пласман во финалето - 3-2 (24-26, 24-26, 25-22, 25-17, 15-13). Така, Работнички беше приморан да ја предаде круната во Купот на Македонија.
- Комплетниот натпревар меѓу Струмица Жени и Рабитнички Скопје:
Скопскиот тим тргна со голема самодоверба и ги освои првите два сета, но потоа се случи чудо. Струмица не подлегна под притисокот и одигра неверојатни три сета и заслужено обезбеди натпревар за титулата во Купот.
Во второто полуфинале ќе се сретат екипите на Јанта Волеј и Наковски Волеј. Финалната средба е закажана за в недела со почеток од 12:00 часот.