• Мартин Танасковски
Екипата на Струмица продолжува да носи нови имиња во своите редови. И тоа репрезентативни, па тимот сега наличува на клуб-репрезентација. Нов член на првакот е Стојан Илиев.
25-годишниот одбојкар во таборот на македонскиот шампион пристигнува од кипарски Енозис Анагенизис, а низ кариерата има играно уште во Израел, Романија и Хрватска, како и за грчка Каламата и македонски Вардар.
Така, стратегот Кире Ричлиев за мечот против грчки Олимпијакос, освен на Стојан Илиев, ќе може да смета и на искусниот Владо Милев, потоа Филип Маџунков, Филип Липидовски и Дарко Ангеловски.
Првиот натпревар со Грците, Струмица го игра на домашен терен на 17 септември, а реваншот е седум денови подоцна во Пиреја. Доколку нашите одбојкари не успеат да го поминат квалификациското коло, тогаш ќе настапат во Купот на ЦЕВ каде на први октомври ќе го очекуваат победникот од натпреварот меѓу Инсбрук и Капошвар.