Струмица подготвена за дербито, Вардар ќе ја пречека Шкендија

Денес се закажани натпреварите од шестото коло во македонското одбојкарско првенство во машка и женска конкуренција.

Кај одбојкарите големо дерби се очекува да одиграа непоразените Струмица 47&72 и ГОК Борец (17:30 часот). Со овој меч ќе биде отворена денешната програма, која ќе продолжи со судир на Вардар и Шкендија половина час подоцна.

Во 20:00 часот се закажани три средби и тоа Штип УГД – Весна Пробиштип, Лирија – Македонија Џио и Универзитет во Тетово – Јанта волеј. Слободна екипа ова коло ќе биде Дибра волеј.

Кај девојките се одигра еден натпревар на кој Работнички Скопје со 3-1 го совлада Наковски волеј. Денешниот ден ќе донесе уште три меча.

Универзитет во Тетово ќе го пречека Фит фан волеј (17:30 часот), потоа следува дуел меѓу Вардар жени и Јанта волеј КВ во 18:00 часот, а за крај Пелистер волеј ќе гостува кај Струмица жени во терминот од 19:30 часот.