Струмица останува максимална, Штип УГД најпријатно изненадување во сезоната

Ништо ново во одбојкарскиот шампионат на Македонија во машка конкуренција. Петнаесетти натпревари и петнаесетта победа за одбојкарите на Струмица. Првакот пак победи со максимални 3-0, а тимот на  Работнички 71&22 демонстрираше силен отпор во два од трит сета.

Домашна победа во драма од пет сета извојуваа штипјани против Лирија, а гостински бодови запиша Универзитет во Тетово со победата во четири сета во Пробиштип.

Прва лига (мажи)
Втора фаза-1, (четвртто коло):

Струмица 47&71 – Работнички 71&22             3-0 (25-21, 25-19, 25-22)
Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово 1-3 (25-21, 17-25, 16-25, 19-25)
Штип УГД – Лирија                                         3-2 (25-20, 29-31, 25-27, 25-18, 15-9)

Струмица е лидер со петнаесет победи, а најблизок пратител е Штип УГД со дванаесет побди и три порази.