• Мартин Танасковски
Македонскиот одбојкарски првак ОК Струмица се соочува со предизвик во походот кон одбрана на титулите затоа што остана без втор одбојкар во краток временски период.
Репрезентативецот кој дојде да ги засили центарските позиции на тимот Филип Маџунков го започнува патот кон опоравување по операцијата на менискусот, успешно извршена од д-р Борислав Илиев во болницата „Систина“.
Пред операцијата на Маџунков, „под нож“ легна и Славе Наков кој мораше да направи операција на зглобот.