Струмица Никоб потпиша соработка со полски одбојкарски гигант

Македонскиот одбојкарски првак Струмица Никоб ќе добива поддршка од полскиот гигант Јастшембски Вегел, откако претседателот Владо Милев и претседателот на Адам Горол склучија договор за соработка.

Договорот предвидува поддршка и помош за работа со младите категории на одбојкари, доусовршување но и размена на тренери и играчи, заеднички учества на турнири и кампови, а секако и одигрување на пријателски натпревари.

Ова е историски момент за одбојката во Струмица и Македонија. Клубот ќе има комплетна поддршка во смисла на програма за работа со млади категории, размена на тренери, искуства и супервизија. Накратко, сè што е поврзано со развојот на одбојката е дел од оваа потпишана соработка.

Целта на полско-македонската соработка е размена на играчи, организирање на тренинг кампови и споделување на искуства во однос на тренинзите. Во периодот кој следи, одбојкарските таленти од Полска ќе престојуваат во Македонија во јуни годинава, додека младите таленти од ОК Струмица Никоб ќе бидат во Јастржебие-Здрој во декември годинава.