• Зоран Мишевски

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб ништо не препушта на случајноста и веќе се екипира за следната сезона. Покрај домашните натпреварувања, каде струмичани се неприкосновени со години, а минатата сезона не претрпеа ни пораз, шампионите на Македонија се острат и за настапите во Европа.
Струмица Никоб ќе биде единствен македонски преставник во ЦЕВ Лигата на шампионите и во септември му следи двомеч со холандски Динамо Апелдорн.
Пред да се впушти на пазарот и да доведе неколку засилувања, клубот од Струмица го продолжи догооворот со рускиот коректор Александер Злобин. 23-годишниот Злобин имаше одлична прва сезона, па заслужи подобар договор за следниот шампионат на Македонија и квалификациите на Лигата на шампионите на ЦЕВ.
Струмичани преговараат со два нови средни блокери и на оваа позиција сигурно ќе има новини до крајот на овој месец.