Струмица лесно мина низ Тетово, гостински победи и за Штип УГД и Весна Пробиштип

Со лесна победа во три сета во Тетово, одбојкарите на Струмица ја продолжија низата успеси во домашниот одбојкарски шампионат. Победата во три сета во ниту еден момент не беше доведена во прашање и дуелот заврши за скоро еден час.

Весна Прибиштип во пет сета извојува победа во Скопје, а во главниот град се радуваше и победникот на Купот, Штип УГД.

Прва лига
11. коло:

Шкендија - Струмица 47&72    0-3    (16-25, 15-25, 15-25)        
Скопје - Весна Пробиштип    2-3    (24-26, 18-25, 25-22, 28-26, 16-18)    
Македонија Џио - Штип УГД    0-3    (13-25, 13-25, 13-25)        
Сушево - Вардар 1947    2-3    (20-25, 25-15, 20-25, 25-17, 9-15)
Универзитет во Тетово - Јанта волеј    3-0    (25-20, 25-19, 25-17)            
Работнички 71&22 - Лирија    3-0    (25-19, 25-21, 25-23)    

Струмица е лидер со максимални 27 бода од девет натпревари. Ист број на бодови има и Штип УГД, но одигра единаесет натпревари.