• Саше Љолес
Одбојкарите на Струмица ја оправдаа фаворитската улога и без поголеми проблеми славеа над Лирија во второто полуфинале од Купот на Македонија со конечни 3-0, по сетови 25-14, 25-20 и 25-16. Струмичани се актуелни шампиони во најмасовното натпреварување и сосема заслужено се пласираа во финалето.
- Комплетниот натпревар помеѓу ОК Лирија и ОК Струмица:
Актуелниот освојувач на двојната круна ја покажа својата сила уште на стартот, а потоа со рутинска игра успеа да го затвори мечот во своја полза и малку да ги сочува силите за финалето.
Лирија се обидуваше достојно да му парира на силниот ривал и одлично ги започна вториот и третиот сет, но Струмица одново влезе во силен налет и на крајот славеше со убедливи 3-0.
Актуелниот шампион на Македонија во големото финале ќе се соочи екипата на Штип УГД. За Струмица ова ќе биде десетто финале од 2010 година наваму.