• Мартин Танасковски

Одбојкарскиот клуб Струмица во продолжението од сезоната ќе биде без капитенот Славе Наков кој мораше да направи операција.
Играчот кој е роден 1994 година имаше проблеми со зглобот и мораше да легне „под нож“. Оперативниот зафат е успешен, а од ОК Струмица му посакаа брзо закрепнување и враќање на терените.
Целта на ОК Струмица и оваа сезона е „двојната круна“, но мисијата ќе биде потешка затоа што конкурентите се засилија.