Струмица и Универзитет во Тетово со очекувани први пролетни победи

Откако двете екипи на Универзитет во Тетово и одбојкарките на Фламинго волеј обезбедија пласман во втората рунда од купот, продолжуваат и  натпреварите во сениорските македонски одбојкарски шампионати. 

Најдобрите шест состави по есенскиот дел кај мажите ќе одиграат вкупно 10 кола пред да бидат формирани полуфиналните двојки од разигрувањето за титулата, а Струмица Никоб и Шкендија се фаворити први да ја исполнат оваа цел. Најблиску до нив се ГОК Борец и Лирија кои в понеделник ќе сервираат за значајна ппобеда во трката за пласман во елиминацискиот сегмент. Шанси за него имаат и Весна Пробиштип и Работнички 47&72 – клубот којшто досега се натпреваруваше со името Либеро.

Во Втората фаза-2, односно во друштвото за пласман од 7. до 11. место во конечното рангирање, Универзитет во Тетово ја совлада Македонија Џио во три сета и со тоа се израмни со Штип УГД според бројот на победи.Најдобрите тимови кај дамите ќе ја продолжат сезоната подоцна, а второлигашите ќе го одиграат десеттото коло. 

Прва лига (мажи)
Втора фаза-1, (Прво коло):
Струмица Никоб – Работнички 71&22 3-0
Шкендија – Весна Пробиштип   (сабота, 18:00)
ГОК Борец – Лирија (понеделник, 17:25) 

Прва лига (мажи)
Втора фаза-2, (Прво коло)
Универзитет во Тетово – Македонија Џио  3-0 (25-19, 25-21, 25-19)
Петровец – Сушево (сабота, 20:00)
Слободен:  Штип УГД