• Зоран Мишевски
Финалистите од минатогодишниот плеј-оф на одбојкарскиот шампионат на Македонија, Струмица и Штип УГД забележаа лесни победи од по 3-0 во рамките на првото коло на новиот шампионат на Македонија во одбојка.
Лирија беше немоќна во дуелот со струмичани, а Универзитет во Тетово со убедлив пораз зе врaти од Штип.
Прва лига (м)
Прво коло:
Штип УГД – Универзитет во Тетово 3-0 (25-18, 25-20, 29-27)
Скопје – Македонија Џио 3-2 (23-25, 25-16, 27-25, 21-25, 15-13)
Весна Пробиштип – Шкендија 0-3 (16-25, 13-25, 15-26)
ГОК Борец – Сушево 3-0 (25-22, 25-18, 25-16)
Струмица – Лирија 3-0 (25-17, 25-12, 25-20)
Вардар – Работнички 71&22 - одложена
Слободна: Јанта Волеј
Титулата во последните десет години ја брани тимот на Струмица.