Струмица и Штип УГД лесно до гостински бодови во Велес и Скопје

Две домашни и три гостински победи во натпреварите од деветтото коло на одбојкарскиот шампионат на Македонија. Победникот на Купот, Штип УГД и првакот Струмица запишаа победи без загубен сет и останаа на првите две позиции на табелата.

Колото се затвора на почетокот на декември со дуелот Универзитет во Тетово – Работнички 71&2.

Прва лига (м)
Деветто коло:

ГОК Борец – Штип УГД      0-3 (17-25, 20-25, 13-25)    
Скопје – Вардар 1947         0-3 (23-25, 24-26, 23-25)   
Македонија Џио – Струмица        0-3 (13-25, 13-25, 15-25) 
Сушево – Јанта волеј         3-0 (25-15, 25-17, 25-21)
Шкендија – Лирија  3-0 (25-17, 25-20, 25-16)   
Универзитет во Тетово – Работнички 71&22 (04.12.2024)

Струмица е лидер со 24 бода, пред Штип УГД со 21 и ГОК Борец со 20 бода.