Струмица и десеткувана во премиерата првпат го порази Пелистер

Струмица го одигра првиот натпревар во новата сезона во женската одбојкарска лига и дојде до победа над досега непоразениот Пелистер Волеј, со 3-1 во сетови (25-19, 24-26, 25-21, 25-18).

Битолчанки дадоа отпор до вториот сет, а Струмица иако остана без две одбојкарки од првата постава, успеа да го однесе полниот плен од гостинскиот терен. Првиот сет ѝ припадна на Струмица по голема борба, додека во вториот, се повредија Пандева и Карајлиска, па „зелените“ дојдоа до изедначување.

Но, во наредните два сета, играта беше на страната на Струмица, затоа што Пелистер константно грешеше, па тимот ја запиша првата победа. Прво име беше Дикова со 23 поени, а Долдурова уфрли 10, додека кај Пелистер, Трпеновска имаше 13, Пеовска постигна 12, а Андоновска 10 поени.

Со овој натпревар се затвори колото во групата Б во женскиот шампионат.

Група А (трето коло):
Јанта волеј Форца – Вардар жени 0-3 (16-25, 22-25, 14-25)
Универзитет во Тетово – Наковски волеј 3-2 (25-22, 20-25, 8-25, 25-23, 15-5) 
Македонија Макс – УГД Студент жени 2-3 (23-25, 17-25, 25-22, 25-23, 3-18)
Слободен: Фит фан волеј

Група Б (трето коло):
Работнички Скопје – Ускана 3-0 (25-19, 25-16, 25-7) 
Виктори волеј – Бами Кор 3-0 (25-17, 25-9, 25-18) 
Пелистер волеј – Струмица жени 1-3 (19-25, 26-24, 21-25, 18-25)
Слободна: Јанта волеј Кисела вода