Струмица донесе уште еден македонски репрезентативец

Одбојкарскиот клуб Струмица продолжи да се засилува и донесе уште еден македонски репрезентативец во своите редови пред домашните предизвици и пред Лигата на шампионите.

Нов член на струмичани е Филип Лепидовски, средниот блокер кој се враќа на домашната сцена. Играчот кој е роден 2002 година последната сезона ја мина во Србија каде го носеше дресот на ОК Металац Таково.

За Лепидовски, Струмица ќе биде третиот домашен клуб по настапите за ОК Вардар и ОК Борец од Велес.