Струмица доминантно до есенската титула во одбојкарскиот шампионат

Со одигрувањето на тринаесеттото коло официјално заврши првиот дел од одбојкарскиот шампионат на Македонија, Шампионот Струмица ги исполни очекувањата и го запоседна врвот со победи на сите натпревари. Единствен тим кој го следи ритамот на струмичани е Штип УГД.

Работнички 71&22 викендов успеа да му откине еден бод на шампионите од Струмица.

13. коло:
Македонија Џио – ГОК Борец   1-3 (15-25, 18-25, 25-23, 16-25)      
Сушево – Весна Пробиштип    3-2 (24-26, 18-25, 25-22, 25-13, 17-15)    
Шкендија – Штип УГД    0-3 (15-25, 10-25, 9-25)    
Универзитет во Тетово – Вардар 1947 3-0 (25-8, 25-18, 25-13)  
Работнички 71&22 – Струмица   1-3 (21-25, 22-25, 25-23, 19-25)
Лирија – Јанта волеј           3-0 (25-18, 25-16, 25-16)

Струмица е лидер со 36 бода, три повеќе од победникот на Купот, Штип УГД. Пролетниот дел на шампионатот на Македонија почнува во фервуари 2025 година.