Струмица 47&72 загуби еден сет, но пак се избори за финале на плеј-офот

Одбојкарскиот првак на Македонија, Струмица 47&72 четврти пат сезонава триумфираше над Универзитет во Тетово, сега во гостинскиот реванш од полуфиналето во разигрувањето, а тоа значи дека најдобриот состав кај нас во последната деценија сосема очекувано избори настап во низата за првенствениот престол.

Универзитет во Тетово, кој лани стигна до финалето, првпат сезонава освои сет против фаворитот, но немаше сили за нешто повеќе, па струмичани ја минаа оваа натпреварувачка рунда со 2-0 во победи. Во неа уште се Вардар и Шкендија кои утре ќе го одиграат вториот меч од полуфиналето. Првиот го добија тетовските црвено-црни со пресврт во пет сета, па со успех во туѓа сала ќе влезат во финалната низа против струмичани.

Без оглед на резултатот, наредниот машки одбојкарски натпревар ќе закажан за наредниот вторник. Со победа на Вардар мајсторка од полуфиналето, а со триумф на Шкендија почеток на финалето.