• Мартин Танасковски
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија ги отвори квалификациите за Европското првенство (ЕП) со пораз. Подобра од нашите одбојкарки беше Австрија во три сета, резултат кој го коментира капитенката Тамара Стојанова.
„Започнавме добро да играме во третиот сет, што е многу доцна прогив вакви противници. Сепак, бевме многу подобри од минатогодишниот дуел со истиот противник и тоа ме радува. Огромна е разликата од минатиот настап и ова издание. Потфрливме во нападот, но дадовме максимум. Ова се тешки натпревари и мораме да бидеме перфектни Благодарност за гледачите кои дојдоа на трибините. Се гледаме следната година“, изјави Стојанова.
Стојанова беше најдобра поентерка на нашиот национален тим на натпреварот со Австрија со вкупно 12 поени. Македонија следниот натпревар од квалификациите за ЕП го игра на 28 август на гости кај Грција.