Стојанова доби наследничка, Јонузи е нов капитен на Работнички

Одбојкарскиот шампион на Македонија во женска конкуренција има нов капитен за новата сезона во шампионатот, одреди раководството и стручниот штаб на клубот.

Долгогодишната членка на екипата и капитенка Тамара Стојанова направи трансфер во Обединетите Арапски Емирати каде ќе го носи дресот на Ал-Шарјах, па мораше да се најде некој да ја замени.

Тоа ќе биде долгогодишната одбојкарка на Работнички, Ерјона Јонузи. Македонската репрезентативка настапува на позицијата додавач, а е родена во 2001 година. Јонузи игра за Работнички од 2022 година.