• Зоран Мишевски
Поранешниот капитен на Работнички и една од најдобрите македонски одбојкарки, Тамара Стојанова, игра фантастично во екипата на Ал-Шарјах - шампионот на Обединетите Арапски Емирати.
Нејзината екипа во полуфиналето на домашното првенство беше подобра од Ал-Васал. На првиот натревар Тамара и соиграчите победија со 3-1 во сетови, додека во втората средба имаа негатива од два сета и на крајот сепак се радуваа на пласман во финалето.
Стојанова одигра во нејзиниот препознатлив ритам и со висок стил. Нејзината реализација на напад беше 54%, додека во одбрана имаше 52% на успешност на прием.