• Саше Љолес

Селекторот на женската У20 репрезентација на Македонија, Дејан Стојанов, зборуваше во пресрет на учеството во Зонските квалификации за Европско првенство 2027, најавувајќи борба за добри резултати на новата генерација.
Македонија ќе има сериозни предизвици, а противници во квалификациите ќе ни бидат селекциите на Романија, Босна и Херцеговина и Белорусија.
„Добар предизвик за новата генерација. Генерација која очекуваме да ја наследи сениорската репрезентација и одличен момент за нив за собирање на интернационално искуство.
Нашите цели не се само да се прикажеме во најдобро светло, туку и пласман на ЕП, или најмалку пласман во следната фаза од квалификациите во јануари“, изјави селекторот.
Девојките од 19 до 23 август во Мостар, БиХ ќе се обидат да ја минат првата фаза од квалификациите и да обезбедат пласман во втората рунда, која ќе се игра од 21 до 24 јануари следната година.
Македонија го отвора турнирот на 19 август кога на пладне ќе се соочи со Романија. Ден подоцна, во второто коло од 14:30 часот игра со Белорусија, додека групната фаза девојките ја заокружуваат на 21 август, кога од 19:30 часот играат со домаќинот БиХ.