Илиев блескаше и како МВП со 16 поени го водеше Осијек до Куп-титула

Македонскиот одбојкар Стојан Илиев имаше блескав настап за хрватски Осијек и го однесе неговиот тим до титула во Купот на Хрватска.

Мурса Осијек во финалниот натпревар го совлада тимот на Рибола Каштела со 3-1 (17-25, 25-23, 25-20, 25-22). Првиот сет му припадна на противникот, но потоа Осијек покажа храбра борба и дојде до пресврт-победа.

Илиев на овој натпревар реализира 16 поени и беше второ име кај стрелците, пред Матоковиќ со 18 поени. Исто така добро се истакна и Богдановиќ кај Осијек со 15 поени, додека кај Рибола Кештела не помогна 21 поен на Вуковиќ.

За Осијек ова е втора титула во историјата во Купот по онаа во 2011 година. Македонскиот репрезентативец исто така беше прогласен и за МВП во финалето.