Старчевиќ: Немаме големи очекувања, но верувам во нашето најдобро издание

Одбојкарките на Јанта волеј се наоѓаат пред нов европски предизвик и двомеч со францускиот Волеро во рамките на Лигата на шампионите.

Ана Старчевиќ, интернационалката од  БИХ во редовите на женскиот одбојкарски состав на Јанта Волеј, вели дека пласманот во третото елиминациско коло во Лигата на шампионите не е случајност.

„Немаме големи очекувања, но ова ќе биде убаво искуство и за нас и за помладите девојки кои се дел од екипата. Сакаме да  ја покажеме нашата најдобра игра и ќе се обидеме да бидеме на високо ниво. Се надевам на добар меч и ги поканувам сите љубители на одбојката да се појават во што поголем број и да ја наполната салата за да имаме убава атмосфер и убав натпревар“, рече Старчевиќ.

Дуелот меѓу Јанта волеј и Волеро се игра попладнево  од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“.