• Мартин Танасковски

Одбојкарската репрезентација на Србија славеше во директната пресметка со Канада, но и покрај тоа „орлите“ ги завршија настапите во групната фаза на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз како трета најдобра третопласирана во групите.
Натпреварот заврши со резултат 3-2 за Србија и тоа откако губеше 0-2 во сетови. Првите два сета ги добија Канаѓаните со резултат 16-25 и 22-25, а во третиот сет иако Канада имаше меч-топка, сепак Србија се спаси и го доби со 26-24.
Во следните два сета, Србија успеа да слави со 25-19 и 18-16, ама недоволно за следна фаза на Олимписките игри во Париз. Во следната рунда како најдобри третопласирани одат тимовите на Бразил и Јапонија.
Познати се четвргфиналните парови на машкиот турнир. Италија е фаворит со Јапонија, Словенија ќе ја предизика Полска, а Германија домаќинот Франција. Најдраматичен треба да е дуелот меѓу Соединетите Американски Држави и Бразил.