Србинката Бошковиќ третпат по ред МВП на големите одбојкарски собири

Српската одбојкарка Тијана Бошковиќ е прогласена за најкорисна одбојкарка на Европското првенство, кое доцна синоќа заврши во Анкара. По голема драма и финале во пет сета, Србија ја совлада Турција и ја одбрани континенталната круна.

Бошковиќ беш најзаслужна за победите над Италија и Турција и на трето големо натпреварување по ред е најкорисна одбојкарка. Пред две години во Баку освои МВП признание кога селекцијата на Терзиќ ја започна доминацијата. Минатата година беше најдобра на Светското првенство, а синоќа го комплетираше хет-трикот на признанија.

Со освојувањето на европската титула, Србија само потврди дека ќе го брани среброто на Олимписките игри, а ќе се обиде дури и да го нападне златниот медал.