Србинка е ново парче во странската сложувалка на Пелистер

Одбојкарскиот клуб Пелистер продолжи да се засилува за новата сезона во македонскиот одбојкарски шампионат и потпиша со трето странско име.

Нов член на клубот е српската одбојкарка Невена Радивојевиќ. Се работи за 23-годишна девојка која е техничар, односно организатор на играта. Доаѓа од Србија, каде настапуваше за тимот на Инџија.

Радивојевиќ претходно беше дел и од Лаки Стар исто така од Србија. Околу нејзините карактеристики, висока е 178 сантиметри, а доминантна рака ѝ е десната. Родена е во Белград, на 9 јануари 2003 година.

Претходно, Пелистер потпиша со нови одбојкарки од Канада и САД.