Србија парираше, ама моќната Полска ќе игра полуфинале на ЕП

Одбојкарите на Полска ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа во полуфиналето на Европското првенство, совладувајќи ја Србија со 3-1. 

Иако српските одбојкари тргнаа добро, успеаја првиот сет на разлика да го добијат со 28-26 и поведоа, следеше пад. Веќе во вториот Полјаците демонстрираа сила и со 25-15 дојдоа до егал. 

Третиот сет беше највозбудлив и најдолг, а се играше на вкупно 70 поени. Во него на разлика Полска успеа да се радува со 36-34. Во четвртиот Србите пак немаа сили да парираат, па со 25-17 фаворитот ја заврши задачата. 

Полска во полуфиналето оди на мегдан со Словенците.