Србија ја надигра Холандија и ќе игра со Турција за европското злато

Одбојкарките на Србија се пласираа во финалето на Европското првенство, откако во полуфиналето ја совладаа Холандија со 3-1 (25-21, 15-25, 25-22, 25-21), па в недела ќе се борат против Турција за златниот медал, четврти во историјата.

Избраничките на Џовани Гуидети без поголеми проблеми го добија првиот сет, но во вториот нагло паднаа, што Холанѓанките можеа да го искористат и лесно стигнаа до 1-1 во сетови. Во третиот сет Холанѓаните почнаа подобро и имаа дури четири поени предност (16-12), но Србија направи голем пресврт и поведе со 18-17, а потоа го доби сетот и поведе со 2-1. Во четвртиот сет се гледаше слично сценарио како во третиот. Холандија водеше до средината на сетот, но светските шампиони успеаја да се издигнат и да стигнат најпрво до 22-20, а потоа и до заслуженото славје.

Србија в недела во финалето ќе игра против Турција. која приреди големо изненадување и ја совлада фаворизираната Италија со 3-2. За бронзата ќе играат Холандија и Италија.