• Саше Љолес

Репрезентацијата на Србија ја оствари првата победа на женскиот одбојкарски турнир на Олимписките игри во Париз, откако славеше со убедливи 3-0 над селекцијата на Франција, по сетови 25-17, 25-17 и 25-22.
Србинките прикажаа одлична игра и не му дозволија на ривалот да се понадева на било какво изненадување, иако и Франција на моменти делуваше солидно и се обидуваше да им парира на фаворитките.
„Триколорите“ одиграа најдобро во третиот сет, но немаа сили да присвојат барем една делница на своето салдо. Србија започнува според планот, а во следното коло ќе се соочи со селекцијата на Соединетите Американски Држави.