• Мартин Танасковски
Со одигрувањето на денешните натпревари, познати се четвртфиналните парови на Европското првенство (ЕП) во одбојка.
Од нашите соседи, Србија и Бугарија ги завршија своите настапи. Србија загуби од Словенија со 0-3 во сетови (14-25, 13-25 21-25), додека Бугарија беше елиминирана од Германија во драматичен меч и пораз од 2-3 во сетови (25-21, 25-21, 19-25, 23-25, 12-15).
Во четвртфиналето на Европското првенство, еден од фаворитите Италија ќе игра против Финска. Франција оди на мегдан со Романија, додека Белгија ќе се сретне со Словенија. Последниот пар го формираат Полска и Германија.