Србија ги „збриша“ Американките и ќе игра ново финале на СП

Женската одбојакрска селекција на Србија ја мина можеби најтешката пречка на Светското првенство кое што се игра во Холандија и Полска и преку САД обезбеди ново финале на планетарниот собир (21-25, 20-25, 25-17, 23-25).

Србинките и покрај синоќешниот исцрпувачки меч против домаќинот Полска и победата во пет сета, вечерва желбата за големо финале им беше пред сè и големото дерби го почнаа на фуриозен начин. Американките, кои во четвртфиналето имаа лесна задача со Турција (3-0), во првите два сета никако не можеа да го најдат рецептот за разиграната Србија и беа приморани да бркаат негатива од 2-0. 

За момент нивната игра замина во посакуваниот правец, и намалија на 1-2, но Србија експресно возврати и со моќен четврти сет си обезбеди виза за финале.

Во второто полуфинале, кое што се игра в четврток ќе се сретнат селекциите на Италија и Бразил.