Србија чекори кон одбрана на тронот, лесно средена Холандија во четвртфиналето

Србија

Актуелниот европски првак Србија без проблеми ја надигра Холандија и стана прв полуфиналист на овогодишното Европско првенство.

Српските одбојкари немаа милост за противникот и ја подигнаа формата во вистински момент. Денешниот меч го добија со солидно издание во сите три сета (25-23, 25-20, 27-25).

Холанѓаните најмногу парираа во првиот сет. Имаа 18-15, но потоа започнаа да грешат, што беше добредојдено за противникот. Српската селекција го приведе сетот кон крај и поведе, а потоа со уште поубедлива игра стигна на чекор од следната фаза на шампионатот.

Последниот сет донесе израмнет почеток, но потоа одново Србија наметна свое темпо. Започна да гради предност, со која ја запечати средбата и пласманот во полуфиналето.

Противник на српскиот тим ќе биде подобриот од дуелот Италија - Германија.