Спортскиот документарец „Живеејќи го сонот” доби престижна награда во Милано

Спортскиот документарец „Живеејќи го сонот” на МРТ за македонската машка одбојкарска репрезентација, ја освои наградата „Mention D’ Honneour” на „Sport Movies and TV film festival” во Милано, поддржано од Интернационалниот Олимписки комитет.

Документарниот филм „Живеејќи го сонот“ на Македонската радиотелевизија е посветен на тешкиот пат на машката одбојкарска репрезентација на Македонија до европскиот одбојкарски крем.

Претходно документарецот, чие сценарио е на Тони Стојановски, додека режијата е на Тони Ристовски беше прогласен за најдобар долгометражен филм на филмскиот фестивал „Budva sports and art film festival“ во Будва.